Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ со тројка на седум секунди пред крајот придонесе за голема победа на Црвена ѕвезда на гости против Реал Мадрид во кошаркарската Евролига.

Антиќ беше чуван од Рејес, но со неговата позната финта се ослободи од противникот и прецизно биеше за недостижни четири поени разлика.

Конечниот резултат е 87:83 за белграѓани кои ја направија најголемата сензација во 10.коло.

Ова беше трета победа за „црвено-белите“ по што ги зголемија шансите за пласман во четвртфиналето во елитното натпреварување. Реал е на половичен ефект – има по пет победи и пет порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 01:15