Тренерот на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ, рече дека е фантастично да се победи голем клуб како Реал Мадрид на негов терен.

Во десеттата рунда од Евролигата, Ѕвезда го победи Реал со 87:83 и ја заврши серија од пет последователни порази во елитното натпреварување.

– Тоа е одлично чувство да се победи таков голем клуб како Реал, на негов терен во Мадрид”. Ова е важен триумф за нас, бидејќи имавме лош период. Игравме умно, изјави Алимпијевиќ веднаш по средбата.

Во победничката екипа 11 поени постигна Перо Антиќ. Македонецот ја постигна последната тројка за „црвено-белите“ со што ја запечати победата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 01:21