Русија и ЕУ вчера во Брисел одржаа нов круг експертски консултации за Балканот и негово проширување, соопшти постојаното руско претставништво во ЕУ и наведува дека на конструктивен начин биле разгледани многу актуелни теми, поврзани со ситуацијата на Западен Балкан, како и за односите на Русија со земјите од регионот.
Исто така, било разговарано и за преговарачкиот процес по нивно присоединивање кон ЕУ.
Постигнат е договор и за следниот круг консултации во втората половина на 2018 година.