Во северниот дел на чешкиот главен град Прага денеска се урна пешачки мост над реката Влтава, долг 253 метри, објавија чешките медиуми.

Повредени се четири лица, кои се пренесени в болница. Во моментот се трага по луѓе кои можеби паднале во водата.

Спасувачки екипи се испратени на местото на инцидентот, а во операцијата е вклучен и хеликоптер. Бродскиот сообраќај низ реката е во прекин.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 01:37