Кина нема да ги затвори вратите за глобалниот интернет, но кибербсувереноста е клучна во државата за развој на интернетот. Тоа се наведува во обраќање на кинескиот претседател Си Џинпинг до учесниците на Светската конференција за регулирање на интернет отворена денеска во кинескиот град Вужен во источниот дел од државата.

Во обраќањето прочитано од Хуан Кунмин, шеф на Одделот за пропаганда на ЦК на Кинеската компартија, се нагласува дека „киберпространството во Кина се развива со голема брзина и вратите на Кина ќе се отвораат се повеќе и повеќе“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 01:55