Еј-Би-Њуз соопшти дека го суспендирале нивниот новинар Брајан Рос, поради грешки во известувањето за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, по што во петокот паднаа вредностите на американските акции и доларот.

– Искрено ни е жал и се извинуваме поради тешка грешка што ја направивме во петокот… По неколку часа утврдивме дека информацијата што ја објавивме е погрешна и ја исправивме во програмата и онлајн, наведоа од менаџментот на Еј-Би-Си.

– Брајан Рос е суспендиран на четири недели и притоа нема да прима плата, додаваат од Еј-Би-Си.

ТВ-компанијата е во сопственост на Дизни.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 02:00