Ако до пладне не им биде исплатена платата за октомври, вработените во комбинатот „Фени“, кој од пред помалку од една седмица е во стечај, ќе го блокираат патот Градско – Прилеп.

Во средата Основен суд Велес одлучи да биде отворена стечајна постапка за фабриката. Трите најголеми доверители, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ и „Силк роуд банка“, се надеваат дека фирмата ќе биде преземена од странски инвеститор, кој ќе ги намири сите долгови на „Фени“ – платите на вработени, долговите кон банките и долговите кон доставувачите.

Привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски пред некој ден рече дека се преземаат сите мерки за побрзо враќање на вработените на работа и за заштита на капиталот и на правата на работниците на „Фени“, како клучен сегмент во овој процес.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 16:50