Од Асоцијацијата на менаџери на Македонија на денешната дебата побараа од премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски да не се менува персоналниот данок на доход и да не се прават промени кај данокот на капитална добивка.

– Најдобро е да нема измени. Аргументи за тоа се дека се наградуваат просечните, а бизнисот и успешните поединци се иселуваат надвор, посебно фриленсерите, парите се лоцираат во странство, се прави одлив на кадар и ќе се зголеми даночната евазија, истакнаа од Асоцијацијата на денешната трибина.

Маријана Андриќ порача да се оди во друг правец, а не да се смета прагот од 60 илјади денари за луксуз над кој ќе се наплаќа повисока стапка. Петар Андреевски истакна дека во Македонија нема екстремно богати луѓе, но смета дека треба да се даде таква можност.

Премиерот Заев и министерот за финансии Тевдовски порачаа дека промени во оданочувањето во Македонија треба да има за да има праведно општество.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 04:14