Се зголемува бројот на физички лица кои тргнуваат на Македонската берза. Статистичките податоци од Берзата покажуваат дека има зголемување на учеството на физички лица во куповната страна на прометот.
Позитивен тренд се бележи и кај бројот на странски купувачи во однос на бројот на странски продавачи.
- Имаме пораст на странските купувачи, а пад на странските продавачи. Лани од куповна страна, странците учествувале околу 10 проценти, а годинава речиси се 14 проценти. Во 2016 година имаме 24 проценти кај странците продавачи, а сега тој процент е 21,5. Така што имаме добар тренд на помал нето одлив од домашниот кон надворешните пазари, посочи денеска директорот на Македонската берза, Иван Штеријев.
Вкупниот промет остварен на Македонската берза заклучно до ноември годинава изнесува околу 4,4 милијарди денари и има зголемување на прометот по сите основи. Просечниот дневен промет во класичното тргнување изнесува 11,9 милиони денари, што е зголемување за околу 27 проценти. Зголемување има и кај тргувањето со акции за околу 55 проценти, а најголемо зголемување има кај блок трансакциите за околу 218 проценти.
Во однос на структурата на прометот, 58,9 проценти е тргување со котираните компании, а само 1,4 проценти од тргнувањето е со некотирани компании.
Вкупниот број на хартии од вредност што се тргнувале во 11-те месеци од годинава изнесува 132 што е на скоро исто ниво како лани.
Очекувањата на Македонската берза за 2018 година се позитивни.