Украинската полиција денеска во Киев го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен украински опозициски лидер Михаил Саaкашвили под обвинение за „обид за соборување на власта“.

– Саакашвили е обвинет за обид за уривање на уставниот поредок, изјави неговиот адвокат Павло Богомазов.

Властите информираа дека пред апасењето Сaакашвили се заканувал дека ќе се самоубие, откако полицијата се обидела да изврши претрес во неговиот стан. По упадот на полицијата во станот, Сaакашвили се качил на покривот на осумкатната зграда во која живеел и извикувал пароли против украинскиот претседател Петро Порошенко.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 17:23