Уставниот суд на Австрија денеска ги легализираше хомосексуалните бракови.

Според одлуката на Судот, забраната на хомосексуалните бракови го нарушува принципот на еднаквост и австриските власти најдоцна до 2019 година ќе мора да почнат да им издаваат потврди на хомосексуалните двојки.

Во 2010 година австрискиот Парламент им овозможи на хомосексуалните двојки да се регистрираат во граѓански партнерства, но не и во брак.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 17:27