ЕУ и САД сметаат дека Западен Балкан има европска перспектива, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини по средбата со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

Таа посочи дека двајцата разговарале за четири основни теми во врска со Блискиот исток.

Според Могерини, ЕУ очекува блискоисточниот мировен процес да доведе до решение за двете држави, преку преговорите за статусот на Ерусалим како нивна заедничка престолнина.

Според Тилерсон, САД имаат силна посветеност кон ЕУ поради заеднички цели. Тој посочи дека е неопходна победа над терористите во Исламска држава (ИД) не само во Ирак и Сирија, туку и по целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2017 17:28