Од ова место сакам да им порачам на сите оние кои што неправедно затворени во овој политички прогон, љубовта кон татковината не е кривично дело, да живее Република Македонија и сите кои што и 2001 и 1991 и 1945 година покажале патриотизам за Република Македонија, ова вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда го истакна Антонио Милошоски.
-Ова се случува поради неколку причини, сегашната власт не е дојдена на таа позиција каде што е денес за да донесе 100 илјади денари плата за лекарите, тие знаат дека таа лага не можат да ја исполнат, сегашниот премиер не е на тоа место за да направи повраток на ДДВ, тој знае дека таа лага не може да ја исполни, тие знаат дека ветувањето кон учителите, пензионерите и земјоделците не можат да ги исполнат и дека економски немаат никаков план, економијата има се послаби резултати и за да ја покријат својата неспособност апсат и прават селективна правда, нарачани пресуди, потенцира Милошоски.
Тој додава дека тие што верувале во подобро здравство, повисока плата и чист воздух, кога ќе видат дека се изневерени нивните очекувања сегашната марионетска влада ќе ги покрива своите неспособности со нарачан политички прогон и политички пресуди.
-Сите сме свесни дека ова што се случува во Македонија е селективна правда која е еднаква на неправда. Неправдата ќе роди други неправди, реваншизмот ќе роди друг реваншизам, незадоволството ќе роди нови поделби и нови тензии и тоа на некого му одговара, Македонија да живее во тензии, неслога и разор за да може некој во меѓувреме да ја сокрива својата неспособност за да ги испорача проектите кои што ги ветил пред избори, а свесно знаел дека лаже, вели Милошоски.