Шпекулациите дека компанијата Оне.Вип своето седиште во Скопје наводно ќе го сели во објект во сопственост на претседателот Никола Груевски и Сашо Мијалков се груба лага и манипулација, стои во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ниту Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков се сопственици на посочениот објект, ниту пак поседуваат друг таков објект во центарот на градот. Целосна невистина е и изнесената шпекулација дека наводно од позиција на власт влијаеле на одлуката на ОНЕ.ВИП да го пресели своето седиште во Скопје. Овој текст е уште една потврда дека Зоран Заев, СДС и медиумите под нивна контрола имаат потреба секојдневно да ја дефокусираат јавноста и да пласираат секакви манипулации, без претходно да ги проверат само за да ја покријат антидржавната политика што ја водат, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека изнесените наводи во пишаниот текст кој го пренесоа порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме.
-Ве повикуваме овој демант да го објавите во целост и на начин и простор како веста која се демантира, велат од партијата.