Она што се случи денес е невидено не само во историјата на Македонија, туку и во еден поширок контекст. Да се стави во притвор 5 проценти од целокупниот пратенички состав, односно 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е ништо друго, туку инсталирање на диктатура, ова вечерва на протестот од пред Министерството за правда го истакна Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претставници на народот, луѓе за кои што народот гласал да ги претставува во законодавниот дом, да бидат притворени е газење на сите демократски принципи, а ова им се случува втор пат, прво беа изнесени брутално со лисици на рацете од нивните домови, а денес судот под раководство на СДСМ и хунтата на Заев донесе одлука да ги притвори. Ова однесување води кон целосна поларизација и радикализација во Македонија, после овој потег денес не возможно е веќе политички дијалог во собранието, вели Николовски.

Тој додава дека по овој потег денес е невозможно да се гласа за закони, за европска агенда, за буџет и за реформи.

-Ако се дрзнувате на политичкиот опонент да му уапсите 12 проценти од пратеничката група тогаш вие немате чесни намери кон себе и кон сопствената држава затоа што ја водите низ силна политичка конфротација. Денешната одлука денес има свои последици и хунтата на Заев и СДСМ треба да се свесни за тие последици, потенцира Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2017 02:15