Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од Советот на Општина Куманово, денеска ја напуштија третата седница, како знак на револт за притоврањето на членови на нивната партија за крвавите настани од 27 април годинава, пренесува порталот Кумановски муабети.

– Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви ислови ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија, рече Драган Петковски, координато на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука следуваше опомена од претседателката на советот, Атина Мургашанска која посочи дека местото за такви дискусии и излагања не е во Советот на Општина Куманово, туку на партиски прес конференции, по што сите 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ во шишињата со вода ставија знаменца на Република Македонија и ја напуштија седницата.

Сепак и без нивното присуство, мнозинството имаше кворум за работа, па продолжи седницата на која во поголемиот дел само се гласаа одлуките и извештаите, без за нив да се поведе дискусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2017 02:09