Со скандирање „Македонија“ и „Македонија е вечна“ и облечени во маички на кој пишува „И јас сум терорист“ единасетте советници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Штип ја напуштија денешната трета седница.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов во своето обраќање истакна дека одлучиле да не присуствуваат на денешната седница како реакција и одговор на приведувањето и апсењето на како што рече луѓето кои го бранеле Уставот и суверенитетот на Македонија и тоа во време кога се ослободувале сторителите на убиството на децата на Смилковско езеро.
- Затоа демонтрастивно ќе ја напуштиме оваа седница и ќе порачаме на Министерството за внатрешни работи и на Јавното обвинителство дека ако е грев да се сака Македонија дека и овде има луѓе кои што ја сакаат Македонија и кои што според нив се терористи. Затоа ве повикувам колеги советници за да можат надлежните институции подобро да не препознаат, рече Јорданов.
Претседателот на Советот на општина Штип, Јане Миланов истакна дека не сакајќи да навлегува во правните кавлифакции за лицата кои се приведени, сепак како што рече тој надлежните институции треба да истражат кои и зошто се случи кравивиот четврток во македонското Собрание.
- Но, човек не треба да биде некаков правен експерт за да врз основа на оние грозоморни сцени, кои што сите имавме можност да ги видиме, си го поставувам прашањето дали не некој треба да одговара за она што се случи на тој кравав четврток, туку кој треба да одговара и колку треба да одговара е тоа е работа за која што треба да оставиме да одлучат судовите и да одлучат кој колку бил инволвиран во оваа ситуација настаната во Собранието во тој крвав четврток, независно дали тој бил пратеник, дали бил началник или бил премиер, вели Миланов.
Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски кој на 27 ми април како пратеник во Собранието беше и еден од повредените истакна дека правда бараат оние кои што ја уништија правдата во земјава цели 11 години.
- На 27 април на еден терористички начин, на еден начин на кој што го погазија и Уставот и законите во Македонија влегоа во Собранието и беа учесници во еден срамен чин, кој што ќе остане запишан на црните страни на Република Македонија и токму затоа ми е чудно, како можат да заштитуваат луѓе, кои се обидоа да убијат пратеници за законодавниот дом. Таму каде што пратеникот има право да работи, да ја обавува својата функција непречено и апсолутно тие кои што се обидоа и ги отворија вратите. Тие кои што помогнаа овој напад врз нас пратениците и кои што беа соучесници треба да одговараат, вели Бочварски.
Денешната седница на Советот не се одржа, бидејќи мнозинството немаше кворум поради отсуство на двајца советници од СДСМ. Но, Претседателот на Советот на општина Штип, Миланов истакна дека мора да се најде и смогне сила за одржување на третата седница на која што треба да се донесат важни одлуки за училиштата и за прераспрелување на средствата од буџетот на општината.