Банките доверители во Фени разговараат со потенцијалните инвеститори, а со еден од нив е потпишан Меморандум за разбирање, информираат од Комерцијална банка.
Од Банката нагласуваат дека интенцијата на потпишување на Меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори.
Финалната одлука, како што наведуваат од Комерцијална банка, за тоа кој ќе биде идниот сопственик на „Фени“ ќе се носи во рамки на стечајната постапка, согласно законските одредби.
– Обезбедените кредитори и останатите доверители заеднички треба да проценат кој план за реорганизација е најдобар за нив и за иднината на комбинатот, наведуваат во соопштнието.