Во третиот квартал годинава стапката на невработеност во Република Македонија изнесувала 22,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Тоа е намалување од 0,5 отсто во споредба со вториот квартал, кога стапката на невработеност била 22,6 отсто. Спроед ДЗС, стапката на невработеност на крајот на минатата година била 23,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија има 954.814 лица кои спаѓаат во активно население, од кои вработени се 743.451, а 211.363 се невработени.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2017 01:15