На два дена пред крајниот рок денеска заврши амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет по предлог-буџетот за 2018 година. Од вкупно 279 амандмани, Комисијата усвои шест, од кои четири од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не присуствуваа на денешната седница.

Два од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се целосно прифатени, додека два се изменети во делот на финансирањето.

Комисијата ги прифати амандманите за субвенции за печки на пелети, за ТИРЗ во Куманово, за изградба на колекторски систем во Неготино, за решавање на проблемот со депонијата во Струга и за изградба на детски парк во скопско Нерези.

Предлог-буџетот сега повторно се враќа во Влада, каде што откако ќе биде разгледам треба да биде ставен на дневен ред на пленарна седница во Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2017 02:50