Браќа и сестри денеска сите сме сведоци како на барање на оваа насилно инсталирана власт се прифатени два нови критериуми за притвор. Првиот критериум е да си ја сакаш татковината, а вториот е да размислуваш различно од власта, тоа се единствените две причини поради кои нашите браќа и сестри се во притвор, ова на вечерашниот протест пред Основниот суд го потенцираше Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овие критериуми не се пропишани ниту во Уставот, ниту во законите, туку директно под палка на Зоран Заев судот реши да ги прифати. Вечерва по десетти пат се собираме се со цел да му пренесеме на судот да го почитува правото и законите, а при одлучувањето да не подлегнува под уцените и нарачките на власта. Исто така по десетти пат се собравме за да им кажеме на сите дека притворените се наши браќа, а не терористи чии што единствен грев е што си ја сакаат државата. Изминативе месеци сите сме сведоци како власта масовно ослободува криминалци, убијци и други платеници, а спротивно на тоа става во затвор невини луѓе, ако тоа е правдата што ја ветуваа тогаш нека ни е на помош на сите нас, ако правдата за сите е затвор за актери, пејачи, невини граѓани кои што со чиста мисла застанале зад татковината тогаш нека не уапсат сите нас, зошто сите ние си ја сакаме татковината, вели Митески.
Тој додава и дека покрај притисоците мора да се продолжи со протестите и да се укаже дека нашите браќа и сестри во затвор не се сами.