Српскиот стратег Жељко Лукајиќ ќе биде нов тренер на тимот на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево беа завршени сите формалности околу потпишувањето на договорот со македонскиот тим.

Договорот помеѓу МЗТ и поранешниот предводник на Партизан, Хемофарм, Лукоил Академик и Игокеа е до крајот на сезоната со можност за продолжување за уште една година.

Лукајиќ на клупата на МЗТ го заменува Александар Тодоров кој поднесе оставка по поразот од Работнички на домашен терен.

Следниот натпревар на МЗТ е веќе задутре против Морнар во АБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 02:04