Палестински граѓански и исламисткички организации повикаа денеска да се одржат генерален штрајк и протестни митинзи, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинското Министерство за образование денешниот ден го прогласи за неработен, и ги повика наставниците, учениците и студентите да учествуваат во протестите во Западниот брег, Појасот Газа и палестинските квартови во Ерусалим.