Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров „факт“, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

– Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нукеларна војна, ќе ги натераме да платат за последиците со нашата моќна нуклеарна сила, која значително ја зајакнавме, наведе портпаролот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 03:13