По вчерашното признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД, денеска следи признавање и од страна на Чешка Република.
– Чешката Република моментно, пред да биде потпишан мир меѓу Израел и Палестина, го признава Ерусалим дека е главен град на Израел во граници на демаркациска линија од 1967 година, се вели во соопштение од чешкото МНР.
Тие додаваат дека ќе го разгледаат и прашањето за преместување на амбасдата од Тел Авив во Ерусалим по разговори со регионалните партнери.
Според чешкото МНР, Чешка, заедно со други држави членки на ЕУ, смета дека Ерусалим во иднина ќе биде град на две држави.