Австралискиот премиер Малколм Турнбул денеска го обезбеди последниот потпис кој беше неопходен за стапување во сила на законот за истополови бракови, кој беше усвоен со огромно мнозинство во Парламентот неколку часа претходно.

Турнбул последната средба ја имаше со генерал-гувернерот Питер Косгроув, кој го потпиша законот во името на кралицата Елизабета Втора.

На овој начин, истополовите бракови во Австралија од утре стануваат законски, а истополовите двојки, кои склучиле брак во странство, ќе бидат признати за брачни двојки согласно австралиското законодаврство.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 03:23