Светска банка во рамки на Стретијата за партнерство со Македонија за период 2015-2018 година во наредниот период планира да обезбеди околу 135 милиони долари во нови кредити кои ќе бидат насочени кон управувањето со јавните финансии и реформи во социјалните услуги, како и инвестиции во областа на енергетската ефикасност.

Од Светска банка информираат дека вкупното финансирање на Светска банка за Стратегијата 2015-2018 годна ќе изнесува околу 360 милиони долари. Дополнително, IFC, дел од Групацијата Светска банка кој го поддржува приватниот сектор, планира да финансира околу 40 – 60 милиони долари до крајот на циклусот на Стратегијата.

Новата партнерска рамка, за периодот 2019 – 2022 година, според најавите од Светска банка ќе биде дискутирана и договорена со Владата во втората половина на 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 22:35