По одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика муслиманите да останат смирени во нивниот одговор.

Тој смета дека демонстрантите треба да дејствуваат во рамките на правото и демократијата.

– Судбината на Ерусалим не може да биде оставена на окупаторска држава која ги узурпира палестинските територии од 1967 година, без да ги почитува законот и моралноста, изјави турскиот претседател.

Тој порача дека Ерусалим е зеница во окото за муслиманите и истакна дека светиот муслимански град е црвената линија за муслиманскиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 22:47