Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средба со Метју Палмер, директорот на Канцеларијата за јужна и централна Европа на Стејт департментот, придружуван од Џошуа Луис и Елејн Хенсл од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот во Вашингтон, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението испратено од партијата се наведува дека на средбата Ѓорчев го истакнал значењето на стратешкото пријателство на Македонија со Соединетите Американски Држави, како и долгогодишната соработка меѓу двете земји во одбраната и во делот на меѓународните мисии во кои учествувше АРМ. Исто така, стана збор за евро-атлантската интеграција на Македонија, односно членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

-Пратеникот Ѓорчев го информираше соговорникот од Стејт департментот за последните случувања поврзани со бројните притвори, затворања и упади во домови на пратеници од Собранието на Република Македонија, познати актери, музичари, административни работници и други службеници, кои се актуелни во Македонија. Исто така, Ѓорчев се осврна на бројните нерегуларности за време на последните локални избори, како и неколку случаи на изборно насилство кои не беа санкцинирани од страна на актуелната власт, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредниот период ќе продолжат контактите, соработката и комуникацијата со Стејт департментот во насока на одржување и продлабочување на стратешкото сојузништво меѓу САД и Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 00:56