На граѓаните на Република Македонија им го честитaм големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски
Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонското културно наследство, туку е дел од културата на повеќето словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности. Неговото дело е цивилизациски придонес во насока на описменување на цели народи, за што вечно се задолжени не само словенските народи и култури, туку Европа и целиот свет.
Ние како народ и како држава сме особено горди што од нашето тло отпочна еден просветителски бран кој останал запишан со светли букви во светската културна ризница.
Токму ликот и делото на Св. Kлимент Охридски и неговиот труд и искрената посветеност се вистински пример за тоа како може да се постигне многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и величествено. Патот на меѓусебно почитување и посветена работа, е пат до успех и благосостојба.
Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела!
Нека ни е честит и вековит големиот празник – Св. Климент Охридски!