Она што во моментов го гледаме во Македонија е политички прогон каков што не се случува во моментов во ниту една земја во Европа и не е нормално за едно општество каде што имаме масовно влегување на специјалните полициски сили по домовите на обични граѓани, уметници, пратеници, службени лица кои што работат во собранието, ова за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој престојува во работна посета на САД.
-Кога се ќе се собере или одземе тоа едноставно не ја насочува државата онаму каде што треба да биде, туку напротив г спротиставува политичките сили во Македонија, а она што како порака треба да биде за целото општество е дека овој политички прогон треба да запре, власта треба да запре со овие хајки што се случуваат, затоа што тоа не е добро ниту за државата, ниту за економијата, ниту за граѓаните, ниту за внатрешниот политички дијалог.
Тој додава и дека следен чекор на ВМРО-ДПМНЕ е конгресот закажан за две недели, а потоа консолидација и анализа на состојбите, а во меѓувреме секојдневно ќе протестираат против реваншизмот и политичкиот прогон во Македонија.