ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест во знак на поддршка на жртвите на хунта на СДСМ: Во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари

Република Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди од осамостојувањето. Период на политички затварања, монтирани обвиненија и одмазда против секој што гласно се спротиставува на антидржавните политики, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и неговата хунта со тоталитаристички методи се пресметуваат со сите оние кои вистински ја сакаат Македонија. Ги злоупотребуваат институциите и неправедно ги затвараат сите оние кои не се согласуваат со политиките на хунтата. Глумци, режисери, уметници и архитекти се притвараат за измислен тероризам само затоа што јавно говореа за распродавањето на националните интереси и за штетните државни политики кои во изминатиот период ги спроведува Заев и неговите послушници. Заев преку груба злоупотреба на полицијата и со жесток притисок кон судството и обвинителството спроведуваат класичен политички линч и сатанизирање на опозицијата, но и заплашување на интелектуалците, за да создадат бришан простор за редефинирење на државата и историјата и да ги срушат темелите на македонската држава, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека сценариото е однапред напишано и добро познато. Затварањето и политичкиот прогон на пратеници, режисери, глумци и уметници има за цел да вреже страв кај македонците, дека секој оној кој ќе го крене гласот и нема да се согласи со антидажавните политиките на хунтата на Заев, ќе заврши во затвор или ќе биде затрупан со кривични пријави и обвиненија по нарачка на хунтата.

-Целта е да се се покаже сила за да се пасивизира македонскиот народ. Да се даде до знаење дека секој македонски граѓанин кој јавно нема да се согласува, кој ќе крене глас против антидржавните политики на хунатата ќе заврши во притвор како Дурловски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Јовановски и триесетина други кои без никаков основ ги обвинија за тероризам. Ваквата неправда нема да трае вечно, а оние кои одлучија Македонија да ја претворат во земја на политички затвореници ќе одговараат. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со македонскиот народ на улиците во одбрана на демократијата во одбрана на националните и државни иннтереси. ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците заедно со македонскит народ до конечно враќање на правната држава и возобновување на демократијата, рекоа од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на оваа хунта, ВМРО ДПМНЕ денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 01:40