На синоќешниот натпревар помеѓу Вардар и Розенборг главна ѕвезда беше едно залутано куче, кое успеа да влезе на теренот на арената „Филип Втори“ и за момент да прекине дуелот во Лигата на Европа.
Кучето измами аплаузи и насмевки кај премрзнатите навивачи, бидејќи и тоа сакаше да поигра малку фудбал. Оваа неочекувана ѕвезда на вечерта очигледно е скитник, а граѓаните повторно го сретнале утринава во „Градскиот парк“. На социјалните мрежи се организира акција за потрага на негов дом.
Извор: Спорт1.мк