Црногорски државјанин кој што плови на товарен брод снимил напад на пирати во водите на Нигерија.

Инцидентот се случил во четвртокот, а борбата траела со часови, пренесуваат медиумите.

– Беа вооружени со три калашникови. Откако ги воочивме, пукавме кон нив со ракетите кои што служат за сигнализирање опасност. Испаливме три ракети по што тие се откажаа, вели Ален Бикиќ.

Тој за храброста бил пофален од страна на компанијата за која што плови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 03:28