Нема да дозволам Ердоган да ми држи лекции за морал, изјави денеска од Париз, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Ердоган го нападна Израел. Немам обичај да слушам лекции за морал од еден лидер кој ги бомбардира курдските села во својата родна Турција, кој испраќа новинари во затвор, кој му помага на Иран да ги заобиколи меѓународните санкции и кој ги поддржува терористите, вклучително и тие во Газа, да убиваат недолжни луѓе, изјави Нетанјаху.
Оваа реакција на Нетанјаху следува по изјавата на Ердоган дека Израел е окупаторска држава.
Турскиот претседател смета дека Израел предизвикува терор со својата полиција и војници.
– Израел продолжува да се шири и да ги потиснува Палестинците. Израел е држава на окупација. Тие напаѓаат цивили, вклучително и деца во Газа и на Западниот брег, спроведувајќи терор со својата полиција и војници, вели Ердоган.