Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА лигата откако попладнево загубија пред своите навивачи од Морнар со 72:69. Ова беше дуел од 11.коло, а „металците“ останаа на само две победи.
По 30. минути игра МЗТ Скопје беше подобриот тим и по три четвртини водеше со 15 поени разлика (63:48). Македонскиот шампион во последниот период одигра лошо и тој период го загуби со - 24:6.
Ниту новиот тренер на клупата на МЗТ Скопје Жарко Лукајиќ не успеа да донесе триумф.
Најефикасен на дуелот беше Дерик Нидам од Морнар со 25 поени, додека кај МЗТ Скопје Бојан Трајковски реализираше 17 поени.
Ова за екипата на Морнар беше петта победа.