Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не ја виткаат кичмата, националните интереси не се на продажба
Хунта не се полицајците, тоа се Зоран Заев, Оливер Спасовски и неколку лица кои се компромитирани, а се во врвот на МВР и чиј ментор е Александар Верушевски, истакна Бојан Стојаноски на денешниот протест кој ВМРО-ДПМНЕ го организира пред Истражниот затвор во Шуто Оризари.
Стојаноски обраќајки им се полициските службеници кои го обезбедуваат денешниот протест истакна дека тие никогаш нема да бидат хунта, бидејќи најдобро знаеле што е тероризам.
-На 6-ти мај три ден пред крвавиот 9-мај во Диво Насеље, Шарената револуција на чело со Зоран Заев брутално ве тепаше пред Влдата и го симна македонското знаме. Потсетувам и на сите над 70 дена на протестите на „За заедничка Македонија“. Дури и кога масата беше испровоцирана и влезе во Собранието, ниеден од вас (полицајците) не беше понижен како во деновите на Шарената револуција. Вие за членовите на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидете херои и секогаш ќе се ве цениме доволно затоа што ќе бидете секогаш во првите редови во одбрана на татковината, истакна тој.
Стојаноски говореше за Никола Груевски, но како што рече не како личност, туку како збир на концепт, етички и морален кодекс и најмногу како Македонец кој никогаш не ја свиткал кичмата.
-Сценаристот и Зоран Заев мислат дека ако Никола Груевски не биде присутен на политичката сцена ќе го нема се она што преставува тој. Би сакал да им кажам, и да биде така Никола Груевски како концепт и како начин на однесување ќе биде присутен надграден и проширен во секој член на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, членовите на ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема за некои други интереси да ја виткаат кичмата распродавајќи ги националните интереси. Тоа е идеологија на ВМРО и како таква ние ќе ја негуваме, вели Стојаноски.
Стојаноски се осврна и на еден од притворените за настаните од 27 април во Собранието.
-Иван е во средни триесетти години, татко на две машки деца. Човекот е собран во 5 часот од дома само заради тоа што кога се случија тие настани бил на своето работно место. Според обвинението со мимики и гестови упатувал каде да се движи масата. Тотална глупост и невистина. Неговата мајка се јави во една од контактните утрински емисии и кажа дека кога нејзиниот син го изнесувале од неговиот дом со насмевка на лицето и рекол дека се ќе биде во ред. Тоа е тој дух што тие сакаат да го скршат. Иван и другите луѓе кои се затворени не се терористи, нагласи Стојаноски.