Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на вечерашната седница ја прифати неотповикливата оставка на Никола Груевски од претседателската функција.

Генералниот секретар Христијан Мицковски изјави дека на вечерашната седница е одлучено да се оди на вонреден Конгрес,

Според неофицијални информации, 100 членови на ЦК гласале за вонреден Конгрес, еден бил против и 10 воздржани.

На вечерашната седница на највисокото партиско тело одлучено е вонредниот Конгрес да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово. На Конгресот ќе учествуваат 544 делегати кои беа дел и од 15-тиот Конгрес одржан во Куманово во мај 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:15