Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да оди на Вонреден конгрес.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донел одлука на 22 и 23 декември во Валандово да се одржи 16-тиот вонреднот Конгрес на партијата.

-Како датум на одужување ги утврдуваме 22 и 23 декември 2017 година, како место го одредувамме Валандово. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој 16 вонреден Конгрес и нивниот број изнесува 544. Списокот на делегатите ќе биде објавен на веб страната на партијата по завршување на состанокот на Централниот комитет, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Високи партиски извори, како што објавија дел од медиумите, велат дека големо мнозинство на Централниот комитет гласало за одржување на Конгресот.

Одлуката да се свика Конгресот ја поддржале 100 членови на партиското тело, 10 биле воздржани а 1 против. Со тоа партијата на 22- 23 декември оди на Конгрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:17