Во Македонија според порталот Славорум, на врвот е Орце Камчев, сопственикот на Орка Холдинг со богатство од 238 милиони долари.

Во БиХ најбогати се Кенан и Дамир Хастор, кои од родителите ги наследија компаниите Prevent i ASA Group, и имаат богатство од 412 милиони долари, пренесува Алџезира Балканс.

Во Србија најбогат е Филип Зептер. Иако не живее во Србија, има државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.

Во Хрватска најбогато е хрватско – чилеанското семејство Лукшиќ кое има богатство од 15 милијарди долари.

Државјанинот на Црна Гора, Таксим Шинаватра е единствен жител на регионот кој се најде на листата на милионери на магазинот Форбс.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:34