Maкедонците, Србите, Албанците, Белорусите и Украинците имаат најниски плати во Европа.

Платите на работниците во Украина се најниски во Европа, а меѓу 10-те земји со најниски примања се Србија, Македонија, Белорусија и Албанија, покажало истражувањето на еден украински аналитички центар.

Украина со просечна плата од 190 евра е на прво место меѓу најсиромашните држави. Следи Молдавија со 216 евра, а евроазиската земја Азербејџан е на трето место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу 10-те држави со најниски плати се Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија.

На врвот според примањата се Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, а потоа во Исланд и Новрвешка со просечна плата од 3.440, односно 3.405 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 04:37