Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста: Едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела. Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата. За сите овие разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка.

Доколку ова не се преземеше дел од овие лица ќе останеа без работа или ќе беа разрешени од функциите.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 12:46