Македонија е земја на политички затвореници. Се монтираат обвиненија за тероризам против луѓе кои не направиле прекршок ниту знаат што е оружје.
Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата, се притвораат луѓе кои дале и даваат свој придонес за општеството, само затоа што не се согласуваат со политиките на СДС.
Хунтата на власт ја има заробено целата држава. Правосудните органи како репрезент на 3-та власт не се повеќе независни во своите одлуки. Судовите не одлучуваат согласно закон, туку по диктат, затоа се и смешните и апсурдни обвиненијата за тероризам против 36-те македонски патриоти.
Судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС. На удар е секој еден граѓанин на оваа држава, кој нема да се согласи со политиките на хунтата. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ крева глас против неправдата и незаконието.
ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.