Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат кино-сали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година.

– Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на кино-салите во монархијата, изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад.

Тој додаде дека првите кино-сали треба да бидат отворени во март 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 13:03