Дарко Димовски не е легитимно избран претседател на ССМ. Неговиот избор беше нестатутарен и без да се даде шанса на делегатите на тајно гласање да изберат еден од двајцата кандидати, што е основно право на демократски избори, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој обвини дека претседавачот со Конгресот Роберт Симоновски во содејство со Дарко Димовски направиле своевиден криминал.

– Непосредно пред Конгресот, односно на втората пленарна седница делеа картони за гласање од никого не избројани и констатирани дека се во ред, додаде Деаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 14:19