Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во амбасадата на САД во Скопје се сретнал со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, како и со американскиот амбасадор, Џес Бејли, соопштија од ДУИ.

Ахмети и Палмер разговарале околу политичките случувања во земјата и во регионот, системските реформи, владеењето на правото, односите со соседите како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија.

Ахмети ги запознал Палмер и Бејли за фокусот на ДУИ во системските реформи, владеењето на правото, заокружувањето на Охридскиот Договор, како и непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија.

Ахмети повторил дека членството во НАТО е апсолутен приоритет и ДУИ прави сé за постигнување на оваа цел на земјата.

-Членството во НАТО ги заокружува сите стратешки дилеми на Македонија, влијае во меѓуетничките односи, но и на стабилноста во регионот, затоа работиме напорно во овој правец – истакнал Ахмети на средбата.

Соговорниците разговарале и околу јазичната еднаквост и ситуацијата во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2017 01:18