14 дена сме на улиците на Скопје, а веќе и на останатите градови. Бараме само едно, едно што го нема веќе 6 месеци во Република Македонија- правда и правдина за сите, Закон за сите, Устав за сите. Ќе истраеме во таа борба. Верувам дека сите имаме и сила и надеж и храброст на крајот сепак да победи толку посакуваната правдина, истакна Драган Данев на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

-Ќе се бориме за првдата, за просперитетот, за европска Македонија, таква каква што 10 година ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ја градеше. Република Македонија во Европа но, со нови работни места, со нови инвестиции, а не се тиранија, со диктатура, со хунта. Не со затворање на уметници, на народни избраници, не со затворање на родољуби. Сите тие, ги поздравувам и им ветувам дека со сите сили, сите овие граѓани, до последно ќе ги искористиме сите демократски средства и ќе се бориме до крај, рече Данев и додаде:

„Правдата и правдината кога тогаш излегува на виделина. Да не се штедиме да ја бараме правдата, бидејќи за правдата не треба да се штеди ниту енергија, ниту знаење, ниту нашата сила“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2017 01:25