Машиновозачите ќе продолжат со штрајкот се додека не им се исплати вториот дел од платата за октомври, порача Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт на денешната прес-конфеенција.

Тој посочи дека железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт и додаде дека утринава сообраќал само патничкиот воз за Гевгелија што го управувал вработен што не го испочитувал договорот.

Како што посочи доколку на вработените до 25 декември не им се исплати платата за ноември повторно ќе штајкуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2017 13:31