Доколку сакате поразлична забава пред големата вечерна прослава за новата година, Македонско село Ви нуди одлична понуда за несекојдневно и незаборавно предновогодишно искуство кое ќе остане во Вашето паметење!

Во комплексот македонско село, на 31 декември ќе се случи најдобрата дневна новогодишна забава. Забавата се организира на чардакот на ресторанот Македонски Ан со почеток од 12:00 часот.

За време на дневната забава, гостите ќе имаат можност да наздрават со своето друштво во прекрасниот празничен амбиент на комплексот, надополнет со одлична музичка програма на Boris & The Band и DJ Darko и да уживаат во деликатесното мезе и традиционалните специјалитети, по кои е познато Македонското село.

Резервациите можат да се направат на тел. 070 220 600.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2017 00:56