Македонскиот премиер Зоран Заев, за време на неговата посета во Приштина кажа дека по враќањето во Скопје, вечерва ќе има средба со коалициските партнери за пополнување на испразнетите места во Владата.
Тој изрази надеж дека тоа ќе биде последен состанок за прашањето за компетирање на владиниот состав.
– Вечерва после враќањето од Косово имам состанок со коалициските партнери. Се надевам дека ќе биде последен состанок за да можеме да ги соопштиме имињата на предлог кандидатите во Парламентот на испразнетите места во Владата на Република Македонија, рече Заев.